top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Почина Хилтон Валентајн, гитаристот на „Анималс“

01.02.2021 januari ponedelnik Гитаристот на бендот The Animals, Хилтон Валентајн, кој ги создаде едни од најпознатите воведни рифови во поп-музиката на 60-тите, почина на 77-годишна возраст. Верзијата на песната House of the Rising Sun на овој британски бенд беше на врвот на топ-листите во Британија и САД во 1964 година, пренесува Би-би-си. Дискографската куќа на „Анималс“, „АБКСО мјузик“, го опиша Валентајн како гитарист пионер кој влијаеше на звукот на рокенролот во наредните децении. Валентајн починал во петокот, објави дискографската куќа на „Твитер“. Причините за смртта не се наведени во твитот. „Анималс“ беше значаен дел од британската музичка инвазија во САД. Првата оригинална и најдобра екипа на бендот ја сочинуваа Ерик Бардон – вокал, Ален Прајс – клавијатури, Брајан Чес Чендлер – бас-гитара, Хилтон Валентајн – гитара и Џон Стил – удиралки. Прекрасните поп-звуци на House of the Rising Sun.




6 views

Komentar


bottom of page