Почина македонскиот виолинист и професор Зоран Џорлев
01.01.2021 Јануари Петок
Виолинистот и професор Зоран Џорлев почина денес во Скопје на 53 години по компликации од ковид-19, објави неговиот внук Огнен Здравковски на Фејсбук. Почина на Инфективната клиника во Скопје, по кусо боледување.
Џорлев, е познат е по обработките и изведувањето на македонските народни и забавни композиции, обработки на филмски, џез, етно теми. Работел како професор по виолина и бил директор на Средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“ во Скопје. Од 2011 до 2017 беше директор на Ансамблот за народни игри и песни „Танец“.
Џорлев е роден во Струмица на 10 јануари 1967 година, каде го поминал детството. Неговиот татко бил познат композитор на народна музика и водач на оркестар. Кога бил првооделенец, со семејството се преселил во Скопје. Уште во раното детство, во Струмица, започнал да свири на труба, хармоника и гитара. Во 1977 година почнал да свири на виолина, откако претходно во музичкото училиште бил одреден да свири на пијано, зашто „немал предиспозиции за виолина“. Неговите сестра и син се исто така пејачи и музичари.
ความคิดเห็น