Почина легендата на македонското спикерство Бранка Станковска
22.01.2021 JANUARI PETOK
Денеска во Скопје, на 90 годишна возраст почина Бранка Станковска, легендарната радио и
тв спикерка, почина денеска во Скопје, потврди семејството.
Станковска целиот работен век од 39 години (1948-1987) го помина во Македонската радиотелевизија.
Нејзината најава на првиот телевизиски пренос од Црн Врв на 5. јуни 1964 година е почетокот на ТВ Скопје, емитувана преку сопствена телевизиска мрежа.Нејзиниот глас сè уште се слуша на радиопрограмите, особено во популарниот џингл „Точно е 12 часот“. Беше активна и по пензионирањето, особено во обуките на млади кадри. Веста на својот фејсбук профил ја сподели нејзината внука Ирина Костовска со зборовите: „ТИВКО ВО СОН СИ ЗАМИНА МОЈАТА БАБА БРАНКА СТАНКОВСКА. ДОЧЕКА ДА БИДЕ И ЧУКУНБАБА, ИМАШЕ УБАВ ЖИВОТ, ИЗГЛЕДА ВНУЦИ, ПРАВНУЦИ И ПРАПРАВНУКА. ИМАМ ПРЕКРАСНИ СПОМЕНИ ОД НЕА, МОЖЕБИ ЗАТОА ШТО БЕВ ПРВА ВНУКА ПА БЕВ ПРИВИЛЕГИРАНА ОД МАЛА ДА ПОМИНУВАМ ПОВЕЌЕ ВРЕМЕ СО НЕА. ЗА РАБОТАТА ШТО ДА НАПИШАМ, БЕШЕ ВИСТИНСКИ ПРОФЕСИОНАЛЕЦ ДУРИ И ПО НЕЈЗИНОТО ПЕНЗИОНИРАЊЕ БЕШЕ АКТИВНА И СЕУШТЕ МОЖЕ ДА СЕ СЛУШНЕ НЕЈЗИНИОТ ГЛАС НА РАДИО ПРОГРАМИТЕ. ТОЧНО Е 12.00 ЧАСОТ. ПОЧИВАЈ ВО МИР БАБО И ПОСЛЕ МНОГУ ГОДИНИ ЌЕ СЕ СРЕТНЕШ СО СВОЈАТА ЕДИНСТВЕНА И ГОЛЕМА ЉУБОВ, ДЕДО БОШКО“!
Comments