top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Почина Илија Плевнеш млад македонски музичар и тонски дизајнер

12.02.2021 februari petok

Илија Плевнеш (36) млад македонски музичар и тонски дизајнер, ненадејно почина на крајот на јануари во Париз, а вчера, беше погребан во Охрид.

Тој од својата најрана младост учествувал како актер во различни театрски проекти. Илија Плевнеш имал диплома за тонски инжeнер на Институтот за супериорни звучни студии во рамките на париската ЕСРА, а специјализирал во Њујорк, каде работел во студиото „Квад рекординг“, во кое се снимени албуми на легендарни имиња на современата музичка сцена.

На филмски план остварил забележителна улога во македонско-францускиот игран филм „Тајната книга“, бил дел од уметничката екипа на тв филмот „Саленгро“ на Ив Буасе и учествувал во францускиот докуметарен филм за Есма Реџепова.

Во кругот на основачите на Францускиот филмски фестивал во Охрид, реализирал портрети на познати француски синеасти, како Клод Лелуш, Шарл Азнавур, Клод Милер… Од основањето на Фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа во Париз и Берлин, беше еден од ангажираните афирматори на балканскиот филм во Европа. На музички план, подолги години работеше заедно со својот брат Константин Плевеш на различни уметнички проекти.


4 views

Comments


bottom of page