top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Потврдено оживувањето на „Сексот и градот“, но без Ким Катрал

12.01.2021 Јануари Вторник „Ејч-би-о Макс“ ја потврди новата сезона на мегапопуларната ТВ-серија „Сексот и градот“. Сара Џесика Паркер (во улога на Кери Бредшо), Синтија Никсон (Миранда Хобс) и Кристин Дејвис (Шарлот Јорк Голденблат) се пријавија за 10 епизоди под наслов And Just Like That Сара Џесика (55) го објави трејлерот на Инстаграм и напиша: „Не можам да не се запрашам … каде ли се сега?“ And Just Like That… е фразата која Кери ќе ја кажува на почетокот на секоја епизода од хит-серијата, која за првпат се емитуваше во 1998 година и траеше шест сезони до 2004 година. Триото повторно ќе се дружи на малиот екран по долгометражниот филм од 2010 година, „Сексот и градот 2“, продолжение на оригиналниот филм од 2008 година. Ликот на Ким Катрал, Саманта Џонс, го нема во трејлерот.


2 views

コメント


bottom of page