top of page

Последните необјавени записи на Горан Стефановски во списанието “Зенит“

12.02.2021 februari petok

Двоброј на списанието „Зенит“ посветен на Горан Двобројот на списанието за наука, литература, култура и уметност „Зенит“ на Здружението „Иван Василевски“ од Струмица, кое излезе од печат деновиве, е посветено на Горан Стефановски.

Во него се сместени последните необјавени записи на големиот македонски драмски писател, необјавени или подзаборавени интервјуа со него, разговори со негови соработници, но и научни трудови за неговите драми.

Освен овој специјален дел, застапени се и веќе препознатливите рубрики со интервјуа, есеи, критика, поезија, проза, уметнички дела и фотографии, како и осврти за нив.

Списанието излегува двапати годишно, но поради пандемијата последните два броја излегоа како двоброј на околу 270 страници.

„Зенит“ има меѓународна редакција во која, покрај домашни автори и книжевници, учествуваат и автори од Хрватска, Србија, Австрија и Полска. Објавувањето на списанието го финансира Општина Струмица.


 
 
 

Comentarios


bottom of page