Search
Поради неправилности во работењето, разрешен директорот на Театар Комедија Сашо Ристовски
Updated: Feb 3, 2021
02.02.2021 februari vtornik
“Поради неправилности во работењето, утврдени од вонредниот инспекциски надзор од Министерството за култура , денеска е разрешен Сашо Ристовски од функцијата директор на НУ Театар Комедија“, објавија од Министерството за култура. Оттаму посочуваат дека при надзорот е утврдено дека директорот на театарот презел обврски над одобрените средства од Министерството за култура во вкупен износ од 8.734 486,оо денари без притоа истите да ги обезбеди од други извори. Со тоа е сторена повреда на чл.70 а, став 4 од Законот за култура. До изборот на нов директор, заради непречено фунционирање на оваа установа, за в.д. директор е назначена Нора Шаќири Марковиќ, вработена во театарот.
Comments