Полуанимираниот хит „Вселенски баскет 2“ со Леброн Џејмс, но без Пепе ле Пју – во јули
- Aleksandar Santovski
- Mar 11, 2021
- 1 min read
Вториот дел на филмскиот хит во најава, „Вселенски баскет 2: Ново наследство“ (Space Jam: A New Legacy) во кој главната улога ќе ја има Леброн Џејмс, првото прикажување ќе го има на 16 јули оваа 2021 година.
Ова продолжение на полуцртаната комедија која ги спои Мајкл Џордан, Душко Долгоушко, Дафи Паторот и останатите ликови од „Шашавата дружина“, овојпат ќе биде без сега веќе контроверзниот Пепе ле Пју.
Всушност, како што пренесуваат американските медиуми, „Ворнер брос“ веќе трајно „го пензионирале“ смрдливиот твор со тврд француски нагласок и „романтичарски“, но наметлив нарав.
Ова е уште еден повод, некои конзервативни и други кругови во САД повторно да ја критикуваат тн. „култура на исклучување“ – стремеж кон повлекување на сите шеги и ликови кои може да бидат навредливи за некого, или се критикувани како политички некоректни. За противниците на „културата на исклучување“, тоа е недозволива цензура.


Comments