top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Пол Макартни откри дека јогата за очи му го подобрила видот

Сер Пол Макартни тврди дека во текот на својот престој во Индија научил како да практикува јога за очи и додава дека, иако може да изгледа малку чудно, но тоа му помага подобро да гледа. Додека многу луѓе се насочуваат кон вообичаените јога-рутини за да му помогнат на своето тело, sвездата на „Битлси“ открива дека верзијата за очи му овозможува да чита весник без очила. Легендарниот музичар (78) признава дека оваа форма на вежбање можеби изгледа малку чудно, но тој веќе ги чувствува придобивките од тоа. Во разговор со Џеси Вер на нејзиниот поткаст Table Manners, Пол рече дека тој ја открил оваа јога на патување во Индија кон крајот на 2000 година. „Научив јога во Индија. Нашите очи се мускули. Ушите не се, така што не можете да ги вежбате ушите. Но, вашите очи може“, се пошегува тој.


1 view

Comments


bottom of page