top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Покетино доби директно прашање за Меси уште на првиот прес во ПСЖ: Дедо Мраз веќе заврши огромна раб

05.01.2021 Јануари Вторник

Маурисио Покетино ова попладне ја одржа првата прес-конференција како тренер на ПСЖ, а уште на истата мораше да одговора на прашања поврзани за силните трансфер шпекулации кои кружат во јавноста и кои се поврзани со клубот од француската престолнина.

Аргентинскиот стручњак уште при своето прво обраќање мораше да говори за сонародникот Лионел Меси, кој веќе се посериозно се поврзува со трансфер во ПСЖ доколку на крајот и дефинитивно одлучи дека неговата етапа во Барселона е завршена.

– Добро знам што значи ПСЖ, какви барања има клубот и високите цели. Меси како божиќен подарок? Дедо Мраз веќе заврши огромна работа за мене и ми овозможи можност да бидам дел од овој голем клуб повторно. Сите шпекулации ги оставаме настрана сега за сега. Како и да е, секој добар фудбалер ќе биде добредојден кај нас.

– За мене ова е како дежа ви, се враќам во клубот во кој бев како играч и имам огромна одговорност. Ми се допаѓа притисокот кој го има, притисокот постојано да се победува. Максимално сум релаксиран, сакам напорна работа и добри резултати уште веднаш, – порача Покетино кој веќе крои планови со Леонардо за можни засилувања.

– Со Леонардо постојано сме во контакт, работиме заедно 12 часа на ден. Клубот ги разгледува опциите кои ги има на трансфер пазарот, но ние имаме добар ростер на играчи и ќе ги носиме најдобрите одлуки за тимот, – вели Покетино.


0 views

Comments


bottom of page