top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Повредата на Де Ниро нема да влијае на продукцијата на новиот филм

Роберт де Ниро го повредил квадрицепсниот мускул додека бил во куќата во која престојува за време на снимањето на новиот филм во Оклахома, пренесува „Дедлајн“. Претставник за двократниот оскаровец соопшти дека актерот е на лекување дома во Њујорк, а несреќата нема да влијае на снимањето на „Убијците на цветната месечина“ бидејќи тој не е на распоред за снимање уште три недели. „Актерот го повреди мускулот на квадрицепсот додека беше во изнамјена локална куќа во Оклахома, откако заврши со снимање на некои сцени од филмот, објави „Дедлајн“ и додава дека тој секако се спремал да се врати дома затоа што немал обврски со филмот следниов период. „Ова нема да влијае на продукцијата, бидејќи тој не беше на распоред да снима повторно уште три недели“, изјави претставник на Де Ниро следниот ден по повредата. Роберт де Ниро и Леонардо ди Каприо ги толкуваат главните улоги во Killers of the Flower Moon („Убијци на цветната месечина“) во режија на Мартин Скорсезе. Филмот на Apple Originals е адаптација на книгата на Дејвид Грен „Убијци на цветната месечина: Убиствата во Осејџ и раѓањето на ФБИ“. Дејството е базирано врз вистинска приказна за серија убиства на Индијанци во Оклахома во 1920-тите, откако на нивната земја била пронајдена нафта. Случајот се смета за прва истрага за убиства на ФБИ. Пред повредата на Де Ниро, се очекуваше да биде готов подоцна оваа година. Во филмот, покрај Де Ниро и Ди Каприо, глумат Џеси Племонс и Лили Гледстоун. Продукцијата, наводно, нема да се одложува.



3 views

Commentaires


bottom of page