Повик за млади кореографи за учество на годинашниот „Танц фест“
Интернационалниот фестивал „Танц фест Скопје“ објави повик за млади кореографи (до 35 години) чии претстави може да учествуваат на годинашната фестивалска програма, која е предвидено да се одржува од 1 до 6 јуни на повеќе отворени сцени низ градот. Повикот е отворен до 27 април 2021 до 16 часот.
Покрај изведбите во живо, фестивалот ќе може да се проследи онлајн. Веќе е потврдено учество на танцови компании од странство. „Танц фест Скопје“ соопшти дека продолжува со заложбата за создавање и промоција на современата танцова сцена кај нас, поддршка на млади автори и нивна афирмација во земјава и странство.
–И покрај пандемијата, фестивалот успеа минатата година да ја оствари својата програма во живо и да презентира петнаесетина кореографии на отворена сцена, со што придонесе во одржување на изведувачките уметности во центарот на вниманието.
-ДИРЕКЦИЈАТА НА ФЕСТИВАЛОТ САКА И ГОДИНАВА ДА ДАДЕ СВОЈ ПРИДОНЕС СО ОДРЖУВАЊЕТО НА ФЕСТИВАЛСКАТА ПРОГРАМА И ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА СТРАНСКИ КОМПАНИИ И УМЕТНИЦИ, НО И ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНСКИ КРЕАТИВЦИ, СО ШТО ЌЕ ИМ ПОМОГНЕ НА МЛАДИТЕ КРЕАТИВНИ СИЛИ ДА СЕ ИЗРАЗАТ И ОПСТОЈАТ ВО ОВИЕ СПЕЦИФИЧНИ УСЛОВИ ВО КОИ СЕ НАОЃАМЕ, ВЕЛАТ ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА ФЕСТИВАЛОТ.
„Танц фест Скопје“ се одржува 16 години. Во рамки на фестивалот се доделува и Наградата за исклучителни достигнувања во областа на танцот „Менада“, која досега ја добија доајени и основачи на македонскиот балет: како и светски признати имиња во танцовата уметност.
Извор МИА
Comments