Парискиот саем на книгата го откажува своето издание за 2021 година
- Aleksandar Santovski
- Mar 19, 2021
- 1 min read
Парискиот саем на книгата што требаше да се одржи од 28 до 31 мај и годинава се откажува, вторпат по ред. Соочени со „неизвесностите во наредните месеци“, Националната унија за издаваштво (СНЕ) одлучи да го откаже изданието Ливр Париз за 2021 година, најавувајќи го откажувањето само неколку часа пред говорот на Жан Кастекс и најавата за нови ограничувања во Ил-де-Франс, јави дописникот на МИА.
Изданието од 2021 година, закажано за март, првично беше одложено за два месеци. Но, овој пат веќе не станува збор за одложување, туку за целосно откажување.
-СООЧЕНИ СО НЕИЗВЕСНОСТИТЕ ВО СЛЕДНИТЕ МЕСЕЦИ И ИМАЈЌИ ГИ ПРЕДВИД ЗДРАВСТВЕНИТЕ МЕРКИ КОИ СЕ НА СИЛА, СЕ ЧИНЕШЕ НЕЗАМИСЛИВО ДА СЕ МОБИЛИЗИРААТ ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ – ИЗЛОЖУВАЧИ, ИЗДАВАЧИ, АВТОРИ, ГОВОРНИЦИ, ЗАЕДНИЦИ И МИНИСТЕРСТВА, ПАРТНЕРИ ОД ПОВЕЌЕ ОД 50 ЗЕМЈИ – НА ПОДОЦНЕЖЕН ДАТУМ, НА ЕСЕН, СЕ УШТЕ Е МНОГУ НЕИЗВЕСЕН, ОБЈАСНУВА СНЕ ВО СООПШТЕНИЕТО ЗА МЕДИУМИТЕ, ПРЕНЕСЕНО ОД ЛИВРЕ ЕБДО.
Организаторите прецизираат дека на изложувачите кои се пријавиле за оваа година ќе бидат „вратени за исплатените депозити“. СНЕ додава дека 2022 година ќе понуди нов настан за „да ги прославиме сите светови на книгата“.
Епидемијата на коронавирус веќе предизвика откажување на саемот „Ливр Париз“ во 2020 година, што беше закажан за 20 до 23 март. „Ливр Париз ќе се сретне со вас во 2021 година со нови ветувања и нови откритија околу книгите и читањето“, рече Винсент Монтањ, директорот на настанот. Италија беше избрана за почесен гостин на годинешното издание, кое ја доживува истата судбина како и претходното.
Извор:МИА

ความคิดเห็น