top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Париската модна недела повторно ќе се одржи без публика

12..01.2021 Јануари Вторник

Париската модна недела повторно ќе се одржи со ревии закажани за месецов, но без публика поради стравот од ковид-19, пренесуваат светските медиуми.

Француската федерацијата за мода ги известила модните куќи дека во согласност со инструкциите од полицијата забрането им е да канат гости и публика на своите ревии.

„Модните куќи смеат да одржуваат ревии во живо со модели, кои ќе се пренесуваат онлајн. Настаните ќе се одржуваат зад затворени врати, без публика“, стои во соопштението на Федерацијата за мода.

Вториот карантин во Франција заврши на 15 декември минатата година, но рестораните, кафулињата, кината, театрите и музеите сѐ уште се затворени.


1 view

Comments


bottom of page