top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Парис Хилтон ќе ја прикаже свадбената церемонија во документарец

Наследничката на синџир луксузни хотели и реална икона, Парис Хилтон, соопшти дека ќе го прикаже чекорењето до олтарот во претстојната документарна серија во 13 дела, со наслов „Вљубена Парис“. „Ќе се омажам и вие сте поканети“, сподели 40-годишната идна невеста, која може да се пофали со 46 милиони следачи на социјалните мрежи. „Дојдете зад сцената со мене на мојата венчална тура во мојата нова серија што доаѓа набргу на Peacock!“ напиша таа. Paris in Love ќе го опфати целиот процес од избирање на невестинскиот фустан до свадбената церемонија, како и забавата, а гледачите ќе ја видат личната страна на Парис што ја гледаат само нејзините најблиски пријатели и семејството. Хилтон и нејзиниот свршеник Картер Реум на 29 април прославија 17 месеци заедно. 40-годишниот Картер, коосновач на М13, ја побара за жена Парис во февруари додека беа на одмор на приватен остров.



2 views

Comments


bottom of page