top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Официјално: Јувентус и Паратичи ја завршија соработката


Фабио Паратичи остана без директорската функција во Јувентус. Тоа е резултатот на денешниот состанок меѓу претседателот Андреа Ањели и Паратичи кој беше одговорен за трансфер политиката на италијанскиот клуб. Договорот на Паратичи истекува на крајот на месецот, а Јувентус во иднина нема да смета на неговите услуги, односно истиот нема да биде продолжен – објави клубот. Паратичи го замени Бепе Марота на кого на речиси идентичен начин му беше заблагодарено за соработката во летото во кое беше ангажиран Кристијано Роналдо, а тој денеска ја извршува истата функција во големиот ривал Интер. Паратичи цели 11 години беше дел од „бјанконерите“, а тој и Ањели ќе ја информираат јавноста за крајот на соработката на прес-конференција закажана за 4. јуни.


1 view

Comments


bottom of page