top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Откриена песната што не се најде во Кјубриковата „Одисеја“

05.02.2021 februari petok

Малата дискографска куќа од англискиот град Бристол, „Вејв теори рекордс“, ги воодушеви обожавателите на филмот „2001: Вселенска одисеја“ на американскиот режисер Стенли Кјубрик кога пред неколку недели ја објави песната напишана специјално за потребите на филмот, која никогаш не се слушна во филмот. Песната „2001: A Garden of Personal Mirrors“ е напишана од Мајк Каплан, поранешен публицист на Кјубрик, но режисерот никогаш не ја искористил. Каплан за „Гардијан“ изјави дека е шокиран од фактот што песната што ја напишал пред толку години се пушта на радио и што слушателите ја сакаат. Каплан добил задача да напише песна за филмот за време на состанокот со Кјубрик и филмското студио „Метро-Голдвин-Маер“, каде што сите слушале друга песна што требало да биде во филмот. Кјубрик го замолил Каплан, кој знаел да пишува песни и сметал дека ја разбира „Одисеја“, да напише песна за филмот.

– Слушам дека компонираш. Зошто не би напишал нешто – му рекол, наводно, на Каплан, кој потоа ја напишал песната што ја отпеала пејачката Наоми Гарднер. На Кјубрик му се допаднала песната, но никогаш потоа не разговарале за неа. Музика за „Одисеја“ напишал и композиторот Алекс Норт, но Кјубрик на крајот решил да користи класична музика во филмот. Од дискографската куќа „Вејв теори рекордс“ велат дека пишувањето музика за Кјубрик секако било тешка задача. И двајцата, Алекс Норт и Мајк Каплан, го почувствувале тоа на своја кожа. – Веднаш се заинтересирав за песната на Каплан. Таа го содржи духот на времето во кое е создадена. Музиката на Норт и песната на Каплан, секако, се издвојуваат со нивната музичка иновација. И двајцата навестуваат колку креативно биле предизвикани од филмот на Кјубрик – велат од бристолска дискографска куќа.


5 views

Comments


bottom of page