top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Осака има серија како Селеш и Федерер

22.02.2021 februari ponedelnik

ТЕНИС – СО НОВИОТ ТРИУМФ НА АВСТРАЛИЈА ОПЕН

Наоми Осака (Јапонија) ја победи Џенифер Брејди (САД) со 6-4, 6-3 и вторпат ја освои титулата на тенискиот гранслем-турнир Австралија опен. Тоа е нејзина четврта титула од најголемите турнири и стана првата тенисерка по Моника Селеш во раните 90-ти години на минатиот век што победила на секој од нејзините први четири гранслем-финалиња, пишува Женската тениска асоцијација (ВТА) на својата интернет-страница. Ваков резултат (четири победи на првите четири финалиња) во повеќе од половина век на т.н. опен ера (од 1968 година, кога на турнирите можеа да играат и професионалци) оствари само уште Роже Федерер. Вкупно, Селеш победи во нејзините први шест финалиња на гранслем-турнирите, а Федерер на седум во првите седум меча за титулите на најголемите тениски турнири, пишува ЕСПН. – Тоа е неверојатно друштво. Се надевам дека можам да имам едно зрно од тоа како се одвиваа нивните кариери – рече Осака (23), пренесе ВТА. Осака на Австралија опен славеше и во 2019 година, а има и две титули од САД опен, во 2018 и во 2020 година. Таа освои четири од изминатите девет гранслем-турнири, а другите пет титули ги освоија пет различни тенисерки. Четири од нејзините седум ВТА-титули се на гранслем-турнирите. Осака стана 16-та тенисерка во 53-та година на опен ерата што освоила барем четири гранслем-трофеи во поединечна конкуренција, и само четвртата активна тенисерка. Другите три се Серена Вилијамс (23 трофеи), Венус Вилијамс (седум) и на Ким Клијстерс (четири), пишува ВТА.


1 view

Komentáre


bottom of page