top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Операта „Аида“ ќе се одржи под отворено небо

Операта „Аида“ од Џузепе Верди ќе се одржи на отворено под ѕвездите на 31 мај 2021 со почеток во 20:30 ч. на плоштадот „Мајка Тереза“ на платото пред Националната опера и балет.

Ремек делото „Аида“ е една од највеличествените оперски творби во музичката литература. Во музичка смисла „Аида“, според музиколозите е музичко чудо составено од мелодиска убавина и имагинативна оркестрација, накратко триумф на творечката имагинација. Овој пат, заради состојбата со пандемијата и пропратните протоколи, грандиозната „Аида“ е конципирана во поинакво руво, во скратена концертна верзија, со мошне внимателен избор на оркестарски и солистички фрагменти, притоа не нарушувајќи ја главната нитка на содршжинскиот набој.

Диригент е Бисера Чадловска, режисер е Дејан Прошев.

Настапуваат солистите Благица Поп Томова, Зоран Сотиров, Даниела Дјакова од Бугарија, Игор Дурловски, Владимир Саздовски, Марјан Јованоски, Александра Лазаревска Василевски, хорот и оркестарот на Национална опера и балет.

Концерт-мајстор е Верица Ламбевска, одговорен за светло дизајнот e Милчо Александров. Хор-мајстор: Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска. Во случај на лоши временски услови, можна е промена на датумот на одржување на претставата. Билетите се во строго ограничен број на билетарницата на НАционалната опера и балет и онлајн на operabalet.mk.


1 view

Comentários


bottom of page