top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Оливер Драгоевиќ доби споменик во Вела Лука

Долгоочекуваниот споменик на хрватската музичка легенда Оливер Драгоевиќ е поставен неодамна во Вела Лука, на островот Корчула, стотина метри од неговата родна куќа, без организирање поголем собир поради епидемиолошките мерки. Месното население верува дека споменикот ќе привлече уште повеќе туристи и патници во ова убаво далматинско место.

Споменикот е поставен ноќе, а фигурата направена од камен, која го прикажува Оливер Драгоевиќ како свири на гитара, прв ја овековечил фотографот Ромео Ибришевиќ. Скулптурата е дело на познатиот сликар, вајар и поет од Вела Лука Извор Ореб. Тој и Оливер биле пријатели и соработници, а стиховите на уметникот уште долго ќе живеат во песните на познатата балканска музичка ѕвезда, меѓу кои се и: „Моја Емилија“, „Мој бродиќу“, „Јо да ми је те“ и многу други.

Имаше претпоставки дека споменикот ќе биде поставен во Сплит, каде што Оливер живееше, но за среќа на жителите на Вела Лука, тој ќе го краси пристаништето на нивното гратче. Сите се одушевени од, како што велат, ремек-делото на Ореб, единствено некои имаат забелешки дека сега нема да можат таму да ги врзуваат своите чамци со кои одат да ловат риба.

Без оглед на тоа што Оливер заслужува и поголемо внимание, имајќи ја предвид неговата скромност, тој би сакал споменот на него да живее само преку неговите песни, но и анегдоти поврзани со неговиот живот.


1 view

Comments


bottom of page