top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Од предвидените илјада: Осветлен олтарниот крст во храмот “Св. Ѓорѓија“ во Охрид

15.02.2021 februari ponedelnik

Стариот олтарен крст во црквата “Св. Ѓорѓија“ викендов беше осветлен во рамките на “Охрид- Град на 1000 крстови“, проект кој официјално започна за божиќните празници кога беа осветлени куполните крстови на катедралната црква Св. Софија. Освен овој импозантен крст кој беше изваден поради фрескосликање, осветлен е и оној на куполата на оваа црква која е изградена во 1834 година.

Инаку, во чест на Божикните празници, од страна на Лајонс клубот Лихнидос и компанијата ПАП – Охрид на височина од 18 метри, е извршено надворешното осветлување на најголемиот и најзначајниот духовен храм во Македонија, од 13. Век, црквата Св. Софија.

Иницијаторот на акцијата, проф. д-р Зоран Тунтев, тогаш изјави дека имиџот на Охрид како свето место и како атрактивна туристичка дестинација се гради токму со вакви проекти.

Тој пред јавноста откри дека идејата за означување на илјада крстови потекнува од 2017 година, а досега се изведени над 300 зафати, меѓу кои и куполните крстови на Св. Софија и лебдечкиот олтарен крст во Св. Јован Канео.

Проектот би требал целосно да се реализира во наредните две години, а последниот, илјадитиот крст, би бил поставен и осветлен на езерското дно, на посебно место поврзано со оригиналната локација каде од памтивек се фрлал Светиот Богојавленски крст.


3 views

Comments


bottom of page