Од последиците од коронавирусот: Почина актерот Љупчо Тодоровски – Упа
22.01.2021 JANUARI PETOK
По компликации од коронавирусот денеска на 65 годишна возраст почина познатиот македонски актер Љупчо Тодоровски –Упа.
Тодоровски покрај со актерство, се занимаваше и со театарска режија, филмска и ТВ продукција и пишување сценарија
Глумел на осум јазици во над 30 филмови и ТВ серии, има петнаесетина театарски режии, десетици и десетици улоги во проекти и театарски куќи низ цела поранешна Југославија, како и безброј разни други сценски настапи.
Тодоровски (1956) беше актер и кастинг директор. Бавењето со глума го доживува како фрлање зрак светлина во туѓите животи. Еден е од основачите на аматерскиот театар „Чекори“. Во 1983 дипломира актерство кај проф. Љубиша Георгиевски. За време на студиите настапува во Драмскиот театар во Скопје.
По Академијата, воден од творечкиот немир, предизвикот на големиот град и можност за почесто играње на филм, заминува за Белград, каде останува 10 години… Го „пече“ занаетот крај искусни и водечки југословенски актери настапувајќи во повеќе филмови и театарски претстави. Од 1997 год. покрај актерството, се бави со филмска и ТВ продукција, пишување на сценарија и избор на актери…
Филмови: 2002 ЗАЕДНО ЗА МАКЕДОНИЈА; кастинг директор, ПРИСТОП, Скопје 2002 НЕБО, ПРАШИНА, ВЕТЕР И ПАТ; Кастинг директор за главна улога (игран филм), EUROFILM STUDIO Kft, Унгарија 2002 ИЗЛЕЗ ЗА РАЈОТ; Кастинг директор за главна улога (игран филм), Германија 2002 РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ; Кастинг директор за споредна улога и скрипта (игран филм), E-MOTIONFILM, Словенија 2001
Comentarios