Објавени добитиците на наградите за краток филм “ФИЛМАЈ 2021”
Фото-кино клуб “Козјак” од Куманово ги објави добитниците на наградите од конкурсот за Третиот меѓународен фестивал на кратoк филм “ФИЛМАЈ 2021”.
Наградата `Лазар Ѓорѓевиќ` за најдобра режија е доделена на Azadeh Moussavi за филмот ‘The Visit’ (Иран). Наградата `Радислав Ристевски` за најдобра фотографија/кинематографија е наменета за Pieter-Jan Claessens за неговата работа во филмот `Da Yie` (Гана). Наградата `Козјак`, пак, за најдобро сценарио ја добија Ali Asgari и Farnoosh Samadi за филмот `Witness` (Иран), додека наградата за најдобар домашен (македонски) филм е доделена на `Неонски срца` (режија: Ана Јакимска).
Одлуката е на трочленото жири во состав: Лидија Мојсовска (режисер/ сценарист), Наум Доксевски (кинематограф) и Дејан Ангеловски (фотограф).
Организаторот додатно ќе ја објави листата со официјално одбраните филмови за прикажување на фестивалот.
Со оглед на моменталните безбедносни и здравствени услови, фестивалската вечер (првично замислена да се случи при крај на мај) е планирана да се случи во септември 2021.
Comments