top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Нов рекорд на Лазаров

02.04.2021 April Petok

РАКОМЕТ – ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ

Капитенот и селектор на македонската репрезентација и актуелен ракометар на француски Нант, Кирил Лазаров, по осминафиналниот натпревар од Лигата на шампионите (ЛШ), со полски Киелце, додаде уште еден рекорд на својата богата листа на рекорди. Лазаров се израмни со голманот Арпад Штербик според бројот на настапи во елитното ракометно клупско натпреварување, Лигата на шампионите. Дуелот со Киелце беше 249-ти за најдобриот македонски ракометар во ЛШ (во дресовите на Борец, Пелистер, Загреб, Веспрем, Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, Барселона и на Нант), натпреварување во кое Лазаров е и најдобар стрелец на сите времиња, со ефект од над 1.300 гола. Меѓу десетте ракометари на вечната листа според бројот на настапи во Лигата на шампионите се и Тиери Омејер (240 натпревари), Никола Карабатиќ (237), Јонас Калман (225), Тимур Дибиров (217), Виран Морос (215), Виктор Томас (214), Мирсад Терзиќ (210), Мирко Алиловиќ (207), Жоан Канељас (207) итн.

НАЈМНОГУ НАСТАПИ ВО ЛШ

Кирил Лазаров 249 Арпад Штербик 249 Тиери Омејер 240


1 view

Comments


bottom of page