top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Никол Кидман: Психолошките трилери влијаат на здравјето

13.01.2021 јануари Среда

Холивудската актерка НиколКидман, која глумеше во психолошките трилери „Големите мали лаги“ (BigLittleLies) и „Слом“ (TheUndoing) открива дека тие ѝ влијаеле на психофизичкото здравје. Во интервјуто за интернет-емисијата „ВТФ“, таа вели дека кај тие две улоги конкретно, таа „се стопила“ со ликот, во одредена смисла.

„На снимањето на „Слом“, ми се случи, како – одеднаш да сум „тука“… Имаше некаква вознемиреност во врска со мојот карактер, како да ми беше непријатно со тоа која сум“, вели Кидман.

„Слом“ е мини серија од шест епизоди. Во неа, австралиската актерка го толкува ликот на сопруга на обвинет за убиство.

„Зедов една недела слободна, бидејќи вашиот „имунолошки систем“ не ја знае за разликата меѓу глумата и реалноста…“, додаде таа.

Следниот филм каде што НиколКидман ќе глуми, е историската драма „Човекот од север“ (TheNorthman).


2 views

Comments


bottom of page