Никол Кидман привремено замина од Хонгконг по спорот со режисерката
Холивудската sвезда Никол Кидман, која предизвика негодување кога беше изземена од строгите правила за карантин кога пристигна во Хонгконг на снимање минатиот месец, наводно, го напуштила градот.
Таа беше на снимање на новата Амазонова драма Expats, но се шпекулира дека имале различни мислења со режисерката на серијата, Лулу Венг, и дека не се чувствува удобно поради условите за работа при снимање.
Локалните медиуми објавија дека 54-годишната актерка поднела барање за одмор од два месеца, а во неделата (5 септември) заминала од градот со приватен авион. Се очекува таа да се врати во ноември.
Одлуката на владата да ѝ дозволи на Кидман да го прескокне долгиот период на карантин при пристигање во градот предизвика голем бес во јавноста, но властите нагласија дека условите поставени за изземањето се исполнети и дека ќе продолжат да ја следат ситуацијата за да обезбедат усогласеност.
Comments