Нејмар не се плаши од Сити и Гвардиола: Повеќе не мислам на „Златната топка“, имам друга цел
Нејмар води преговори со одговорните лица на ПСЖ додека на тимот му оди одлично во Лигата на шампионите, па пред полуфиналната пресметка со Манчестер Сити во полуфиналето, Бразилецот одново мораше да одговара на прашања поврзани за неговата иднина.
Големата ѕвезда на ПСЖ уште еднаш нагласи дека е максимално задоволен во Париз и се води кон тоа дека ќе стави потпис на нов договор, но сепак вели, дека негов приоритет во овој момент е титулата во Лигата на шампионите.
– Златната топка? Тоа не е веќе мој приоритет. Сакам да ја освојам Лигата на шампионите со ПСЖ, тоа е мојата цел во овој момент.
– Зборував за мојата иднина по крајот на последниот меч во Лигата на шампионите. Водам разговори со клубот и ќе го направам тоа што е најдобро за сите. Веќе кажав дека сум среќен во Париз и нема што да додавам.
– Клубот многу се подобри, ПСЖ сега е многу повеќе респектиран. Сега сме меѓу топ 6 клубови во светот. Втора година по ред сме во полуфиналето, а сега сакаме да направиме чекор повеќе. Го почитуваме Сити, но ќе направиме се за да ги победиме. Веќе ги елиминиравме Барселона и Баерн Минхен, – посочи Нејмар.
Comments