Ненадејно почина актерката Риалда Кадриќ, позната по улогата на Марија во серијалот „Жикина Династиј
27.01.2021 januari sreda
Српската актерка Риалда Кадриќ, позната по улогата на Марија во филмскиот серијал „Жикина Династија“, почина ненадејно синоќа во 58-мата година од животот во Атина, каде што живееше последните години, јавуваат српските медиуми
Кадриќ е родена во Белград, каде завршила основно и средно образование, а по професија била професор по книжевност и психоаналитички терапевт. Својата прва улога ја добила на 15 години, во 1978 година, во филмот „Луди години“, во режија на Зоран Чалиќ.
Во филмот ја глуми Марија, средношколка, која се заљубува во својот врсник Боба, кој пак, го глумеше Владимир Петровиќ.
Со глума се занимавала само во периодот од 1978 до 1990 година, кога одлучила да се пресели во Лондон, каде потоа живеела.
По улогата во популарниот серијал, многумина ѝ предвидуваа славна иднина, но таа одбра живот без актерски улоги.
Кадриќ требаше да глуми и во продолжението на „Жикина Династија“ кое требаше наскоро да почне да се снима, но сега по смртта на Кадриќ е неизвесно.
Покрај познатиот серијал, Кадриќ глумеше и во „Чао Инспекторе“.
Во последните години живееше во Атина, каде што и почина.
Comments