Нема „Зум“ за „Оскарите“, велат продуцентите
- Aleksandar Santovski
- Mar 19, 2021
- 1 min read
Церемонијата на доделување „Оскари“ во април ќе биде скромен и интимен собир и без популарната апликација за видеоразговори „Зум“. Настанот ќе биде лимитиран на номинирани, презентери и нивни гости, изјавија продуцентите во четвртокот. Поради пандемијата на Ковид-19, шоуто за доделување највисоки почести во филмската индустрија ќе се одржи и во „Јунион стејшн“ во центарот на Лос Анџелес и во традиционалниот дом на „Оскарите“, театарот „Долби“ во Холивуд. Сите ќе бидат тестирани и ќе има тим за безбедност на самото место во текот на целата вечер на 25 април. „Нема да има опција со ‘Зум’ за шоуто“, наведоа продуцентите на настанот, Стивен Содерберг, Џеси Колинс и Стејси Шер, во известувањето до повеќе од 200 номинирани. По годината што ја претрпе, филмската индустрија се надеваше дека церемонијата на „Оскарите“ ќе биде гламурозна, а не скромна забава. Иако телевизискиот рејтинг на церемонијата се намалува во последните неколку години, сепак станува збор за настан за кој најмногу се зборува.


Comments