Неизвесно отворањето на новата сезона?
08.01.2021 Јануари Петок
ФОРМУЛА 1
Големата награда на Австралија, како почеток на новата натпреварувачка сезона во Формула 1 (Ф1), може да биде одложена поради ограничувањата предизвикани од ковид-19 во Австралија. Трката е закажана за 21 март во Мелбурн. Австралиската влада и шефовите на Ф1 водат разговори за трката на „Алберт парк“, пишува британски „Би-би-си“. – Владата ќе продолжи да дава приоритет на размислувањата за јавното здравје, истовремено штитејќи го календарот на главните настани. Дискусиите помеѓу Австралиската гранпри-корпорација, Владата и раководството на Ф1 во врска со календарот на Ф1 за 2021 година се во тек – изјавил портпаролот на Викторија, пренесува „Би-би-си“. Дополнителни детали за финализирањето на аранжманите со сите страни ќе следува во следните недели. Портпаролот на Ф1, пак, неодамна рече дека спортот повторно очекува трки во март, но не прецизира каде, пишува „Би-би-си“. Трката во Австралија минатата година беше откажана само неколку часа пред да почне првиот тренинг, поради позитивен тест на коронавирусот. Сезоната почна со трката во Австрија во јули, со скратен календар од првично рекордните 22 трки на 17.
Comments