top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Најстудениот град во Финска кандидат за домаќин на ЛОИ 2032

28.01.2021 januari cetvrtok

Најстудениот град во Финска, во Лапонија, Салo, објави дека ќе се кандидира за домаќин на Летните олимписки игри (ЛОИ) 2032 година, како дел од кампањата за издигање на свеста од ефектите на глобалното затоплување. Малиот град што е сместен северно од арктичкиот круг, каде што температурите од 50 степени под нулата не се невообичаени, својата кандидатура ја објави на прес-конференција, признавајќи дека тоа е „луда идеја“, но со сериозна порака. – Нашата намера е јасна, ние сакаме да го зачуваме Салo такво какво што е, нашите зими да бидат студени и полни со снег – рече градоначалникот на Сала, Ерки Паркинен. Тој додаде дека доколку Сало може да биде домаќин на ЛОИ во 2032 година, тоа ќе значи дека температурите ќе продолжат да растат.

– Ако само стоиме, не сториме ништо и дозволиме глобалното затоплување да преовладува, ќе ги изгубиме нашиот идентитет и градот што го сакаме, како и многу други низ целиот свет што ќе престанат да постојат. Нашите лета стануваат сѐ потопли и потопли, нашите зими стануваат сѐ пократки, но мораме да го одржуваме Сало студено и снежно – истакна Паркинен. Кандидатурата на Сало е придружена со сите елементи на сериозна намера да се стори тоа, вклучувајќи лого, маскота, униформи, книга за кандидатура и промотивни активности. Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) ќе донесе одлука за домаќинот на Игрите во 2032 пред 2025 година, а освен Сало, интерес да бидат домаќини на ЛОИ 2032 се и Доха, Мумбај и областа Рајна-Рур во Германија.


1 view

Comentarios


bottom of page