Најголемиот подарок за 60. роденден на Антонио Бандерас е закрепнувањето од коронавирусот
01.02.2021 januari ponedelnik Актерот Антонио Бандерас се зарази од корнавирусот минатиот август, неколку недели пред неговиот јубилеен 60. роденден, и иако неговата партнерка Никол Кимпел се погрижи да го одбележат денот, тој сметал дека не е вистинско време за голема прослава. „Ние славевме затоа што секоја година од животот е повод за славење. Но, ова навистина не беше година за забави. Најголем подарок беше неговото брзо закрепнување“, рече Никол. Таа призна дека била исплашена за својот партнер и за евентуалните компликации од коронавирусот поради неговата возраст. „Ги претрпевме истите сомнежи како и сите што го фатија вирусот. На почетокот сте исплашени затоа што не знаете колку лошо ќе ве погоди. Во случајот со Антонио, неговите главни симптоми беа силни болки во мускулите и замори тој добро се справи со болеста. Тој е многу силен човек и е во одлична физичка форма“, рече Никол.
Comments