top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Насилен инцидент изби по меч помеѓу македонски и хрватски клуб во Австралија

Факели и тврди предмети биле фрлани во физичката пресметка која избила по фудбалскиот меч помеѓу локалниот македонски клуб Рокдејл Илинден и хрватскиот Сиднеј Јунајтед 58, одигран во Сиднеј, Австралија, пренесуваат австралиските медиуми.

Со обвиненија се соочува 23-годишен маж, откако полицијата ја повика јавноста да помогне во идентификацијата на седуммина луѓе забележани на видеоснимка, на која е прикажан инцидентот што се случи на фудбалски меч во Рокдејл. Осомничениот 23-годишник држел сечиво од машина за косење, според информациите од полицијата.

Полицијата соопшти дека до инцидентот дошло откако навивач влегол на теренот и му пришол на еден од фудбалерите за време на натпреварот. А потоа на трибините бил фрлен и факел што довело до зголемување на тензиите.

– Јасно се гледа дека еден од присутните држи цигла, додека друг е со метална шипка во рацете. Имаме среќа што не дојде до сериозни повреди – вели претставникот на полицијата Тони Кук.

Полицијата учествувала во разбивање на толпата, а три лица биле пренесени во болница со полесни повреди.

Во инцидентот не биле вклучени претставници на клубовите, кои ги осудија случувањата.


1 view

Comments


bottom of page