Напад со секири: Вуди Ален за документарецот на Ејч-би-о
23.02.2021 februari vtornik
Режисерот Вуди Ален и неговата сопруга Сун Ји Превин го нападнаа новиот документарец на Ејч-би-о, кој го преиспитува децениското тврдење дека режисерот оскаровец сексуално ја злупотребувал неговата посвоена ќерка Дилан Фароу, нарекувајќи ја ТВ-серијата „работа на секири“.
Ејч-би-о во неделата (21 февруари) ја емитуваше првата епизода од документарната серија во четири дела „Ален против Фароу“.
Серијата вклучува обемни интервјуа со поранешната партнерка на Ален, Миа Фароу и со Дилан Фароу, кои го повторија нивното обвинување дека Ален сексуално ја нападнал Дилан во 1992 година кога таа имала седум години.
Набргу по емитувањето на првата епизода, портпаролот на Ален и Превин излезе со соопштение во кое се вели дека авторите на документарецот „не биле заинтересирани за вистината“.
„Наместо тоа, тие поминаа години притајно соработувајќи со семејството Фароу и нивните помагачи за да направат напад со секири, преполн со невистини“, се наведува во соопштението.
Во првата епизода на документарниот филм „Ален против Фароу“, Миа Фароу се обвинува самата за она што наводно се случило и вели дека најмногу од сè во животот жали што воопшто го донела во своето семејство.
Ален, четирикратниот добитник на Оскар, режисер на „Ени Хол“ и други комедии, постојано ги негираше наводите за сексуално насилство врз Дилан Фароу. Тој не учествува во документарниот филм.
Врската меѓу Миа и Вуди заврши по обвинувањата на нејзината ќерка која тврдеше дека очувот ја злоупотребувал кога таа имала 7 години (1992). Режисерот ги негира ваквите обвинувања.
Comments