top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

На покрив во Лондон хорот на Кралската опера со уникатна изведба

02.04.2021 April Petok

Облечени во палта и со славните знаменитости на Лондон зад нив, членовите на хорот на Кралската опера (Royal Opera Chorus), пеат фрагмент од операта „Трубадур“ на Џузепе Верди од 1853 година на нивното прво собирање по една година. Одвоени поради мерките за физичко дистанцирање во услови на пандемија, 25-те пејачи се собраа на покривот на Кралската опера во лондонскиот „Ковент гарден“. Нивниот перформанс, кој исто така го вклучува и завршниот рефрен од „Волшебната флејта“ на Волфганг Амадеус Моцарт, ќе биде емитуван на фејсбук-страницата на Кралската опера на Велипеток, а местото се подготвува да ја пречека публиката во мај. „Станува збор за поздравување на велигденскиот празник и поздравување на светот по долгото затворање“, изјави за „Ројтерс“ американскиот диригент Вилијам Спалдинг, кој го води хорот на Кралската опера.



1 view

コメント


bottom of page