Search
На повидок уште едно доцнење на „Црната вдовица“
25.01.2021 januari ponedelnik Новиот филмски спектакл „Црна вдовица“ со Скарлет Јохансон во главната улога, првиот филм од Марвеловата таканаречена фаза 4, првично требаше да се појави во мај 2020 година. Филмот се одложуваше повеќе пати поради пандемијата на коронавирусот, отворајќи го патот за серија на „Дизни плус Вандавижн“ да ја почне фазата 4 наместо тоа. Во моментов, премиерата е закажана за 7 мај 2021 година, но „Марвел“ веројатно размислува за уште едно одложување ако пандемијата продолжи да ја држи публиката ширум светот надвор од киносалите, пишува „Варајети“. Последна опција на студиото „Марвел“ за претстојниот филм ќе биде да го објави на „Дизни плус“, иако разбирливо е двоумењето.
Comments