Search
На повидок нова комедија со Џорџ Клуни и Џулија Робертс
13.04.2021 April Vtornik
Новиот филм со Џорџ Клуни и Џулија Робертс, „Билет за рајот“, треба да излезе в година. Двете ѕвезди на Money Monster и Ocean’s Eleven повторно ќе се здружат за претстојната романтична комедија во режија на Ол Паркер, каде што ќе глумат разведен пар, кој патува на Бали за да ја спречи својата ќерка да стапи во брак. Били Лурд ја глуми ќерката, која престојува на Бали и ја пронаоѓа својата романса со локален лекар. „Варајети“ објави дека филмот ќе се појави во киносалите во САД на 30 септември 2022 година. Снимањето треба да почне во Австралија подоцна оваа година.
Comments