Мурали во чест на Блаже Конески и Стале Попов осамнаа среде Прилеп
„Еден од начините за реактуализација на наши познати дејци од разни области, е токму и уличната уметност, нов начин на културно изразување и консумирање на културниот производ. Тој повторно ќе ги актуализира и направи атрактивни и секако, разбирливи и достапни за новите генерации и нашите големи истакнати имиња“, велат уметниците. Муралите се дел од проектот што е реализиран од „Дрим фактори“ и од Центарот за современа ликовна уметност – Прилеп, а е поддржaн од Владата преку јавниот повик за финансиска поддршка за индустријата и операторите за организација на настани по повод 30 години од државноста
Во Прилеп осамна муралот во чест на лингвистот и кодификатор на македонскиот јазик Блаже Конески, што беше поздравено од страна на прилепчани, но и пошироко во државата. Ова е второ дело со идејно решение и изведба на познатите прилепски академски ликовни уметници: Сања Јездиќ, Ферди Булут и Александар Џинго, по муралот во чест на писателот, романописец Стале Попов, кој исто така беше насликан на една од зградите во центарот на Прилеп.„Еден од начините за реактуализација на наши познати дејци од разни области, е токму и уличната уметност, нов начин на културно изразување и консумирање на културниот производ. Тој повторно ќе ги актуализира и направи атрактивни и секако, разбирливи и достапни за новите генерации и нашите големи истакнати имиња“, велат уметниците.
Муралите се дел од проектот што е реализиран од „Дрим фактори“ и Центарот за современа ликовна уметност – Прилеп, а е поддржaн од Владата преку јавниот повик за финансиска поддршка за индустријата и операторите за организација на настани по повод 30 години од државноста.
Факт е дека уличната уметност е обележје на многу градови, а живее и во виртуелните заедници, виртуелните јавни дискурси. Неодамна стана предмет на присвојување од популарната култура и е главната симболика на современоста.„Уметничките дела што се појавуваат на ѕидовите низ повеќе градови во светот достигнаа највисок врв на интерес и постигнаа автентичност и обележје на многу градови. Уличната уметност е одличен начин да се промовира една урбана средина, еден град, како и преку неа да се презентираат и реактуализираат познати и признати дејци од нашата историја. Проектот опфаќа изработка на два ѕидни мурала на уникатно избрани локации и две кратки документарни видеа за промоција и презентација на делата на Блаже Конески и Стале Попов”, напиша на својот фејсбук-профил градоначалникот Илија Јованоски.
Сликарските активности, организирани од Центарот за современа ликовна уметност секогаш имаат извонреден творечки амбиент, а овозможуваат и експериментирања и истражувања со цел да се дојде до нешто ново, што ќе се вклучи во општите сликарски токови и ќе биде дел од светската современа ликовна уметност.„Уличната уметност е сè повеќе присутна околу нас, не само заради фактот дека крајниот производ претставува зачудувачка форма на уметнички израз, тоа е патување што се случува на улиците каде што создавал уметникот… Ова е и уникатен начин да се одбележи и главната цел 30 години независноста на нашата држава. Реактуализацијата како процес обезбедува одржливост и континуитет на целокупното културно наследство, доколку се искористат медиуми и техники за модерно прикажување и заживување на лица, дела, настани“, велат од Центарот за современа ликовна уметност – Прилеп.
Comments