top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

МНТ со праизведба на современата музичка драма „Само глас“

На сцената на Македонскиот народен театар на 26 мај со почеток во 20 часот ќе биде одиграна праизведбата на комуникациската современа музичка драма „Само глас“ од младата авторка Нина Плавањац.

Претставата „Само глас“ е во режија на Марјан Неќак, кој воедно е автор на музиката, сценограф и дизајнер на светлото. Во улогите на Таа и Тој играат првенците од ансамблот на Македонскиот народен театар, Звездана Ангеловска и Никола Ристановски, со снимен глас, како и балетанот Мирослав Митрашиновиќ.

Ова е приказна за силна и талентирана жена, која преку ниска постапка го доживува најпонижувачкиот момент во својот живот, борејќи се за сопствениот идентитет. Позната е само Таа, бидејќи во нејзината личност се измешани повеќе архетипови: на ќерка, на дете, на жена, на љубовница, на ѕвезда, на протагонистка и на антагонистка.

Следните изведби се закажани на 27 и 29 мај со почеток во 20 часот, а театарот се придржува кон протоколарните мерки согласно со Комисијата за заразни болести.


1 view

Commentaires


bottom of page