top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Митревски: Ако играме како што умееме, не е важно кој ќе ни биде ривал

06.05.2021 Maj Cetvrtok

РАКОМЕТ – ПРЕД ДЕНЕШНАТА ЖДРЕПКА ЗА ЕП 2022

Сите селекции што остварија пласман на Европското првенство се силни и квалитетни и не би сакал да ги делам на посакувани и непосакувани, но доколку ние играме борбено и ефикасно, како што знаеме и умееме, не е важно кој ќе ни биде ривал од спротивната страна, смета репрезентативниот голман Никола Митревски, во пресрет на денешната ждрепка на групите (17 ч.) за Европското првенство (ЕП), кое од 13 до 31 јануари идната година ќе се одржи во Унгарија и во Словачка. Македонската машка ракометна репрезентација ќе биде дел од третиот барабан, заедно со Чешка, Словачка, Франција, Белорусија и Исланд, што значи дека тие нема да ѝ бидат противници во првата фаза од натпреварувањето. Во пресрет на ждрепката, македонското репрезентативно десно крило Гоце Георгиевски како ривали во групната фаза ги посакува Словенија, Австрија и Литванија.

– Кога би имал можност да избирам противници во групната фаза, би ги избрал селекциите на Словенија, Австрија и Литванија. На ЕП во Хрватска ја победивме Словенија и сметам дека можеме да се носиме со нив. Австрија ја посакувам за да им се реваншираме за поразот на претходното ЕП, додека, пак, од четвртиот барабан ја избрав Литванија, со која би имале најлесна задача – вели Георгиевски. За разлика од Георгиевски, левиот бек Филип Талески ги посака за ривали во групната фаза селекциите на Германија, Србија и Црна Гора. – Од првиот барабан сметам дека Германија е репрезентација со која можеме да се надигруваме, а тоа го покажавме и на ЕП во Хрватска. Од вториот барабан Србија, а од четвртиот Црна Гора, оти соседското ривалство е големо, а со тоа и мотивот за надигрување – вели Талески. Со оглед на тоа што организаторите веќе распределија дел од репрезентациите, која во кој град ќе игра, Македонија нема да може да се најде во групите Е и Ф, кои ќе играат во Братислава и Кошице, бидејќи таму од третиот барабан ќе настапат Чешка и Словачка, па, така, слободни остануваат групите А, Б, Ц и Д, од кои првите три се во Унгарија (Сегед, Будимпешта и Дебрецен), а групата Д ќе игра во Братислава (Словачка). Од првиот барабан, Хрватска ќе игра во Сегед, Германија во Братислава, а Словенија ќе биде дел од групата во Дебрецен.

Домаќинот Унгарија, која е дел од вториот барабан, ја избра Будимпешта. Како што е познато, во првиот балон се селекциите на Хрватска, Шпанија, Словенија, Германија, Португалија и на Норвешка. Во вториот Унгарија, Србија, Русија, Шведска, Данска и Австрија. Во третиот Македонија, Чешка, Словачка, Франција, Белорусија и Исланд и во четвртиот барабан се Холандија, Црна Гора, БиХ, Полска, Украина и Литванија.


2 views

ความคิดเห็น


bottom of page