top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Мистер Биг го нема во новото продолжение на „Сексот и градот“

19.02.2021 februari petok Во новото продолжение на хит-серијата „Сексот и градот“, што моментно се развива за стриминг-платформата „Ејч-би-о макс“ го нема Мистер Биг, човекот што ѝ го украде срцето на Кери Бредшо. Инсајдери за „Пејџ сикс“ изјавија дека Крис Нот (66) нема да биде вклучен во новиот проект And Just Like That („И просто, така“), серија во 10 епизоди, што ќе се емитува на „Ејч-би-о макс“. Крис Нот го портретира Џон Џејмс Престон, шармантниот бизнисмен, кој подоцна ѝ стана сопруг на Кери Бредшо (Сара Џесика Паркер) во серијата и во последователните филмови. Двата лика сè уште беа во брак на крајот на вториот филм („Сексот и градот 2“).



3 views

Comments


bottom of page