Милевски дебитираше со реми, Македонија и Ерменија одиграа без голови
03.09.2021 Septemvri Petok
Македонската фудбалска репрезентација одигра без голови (0:0) против Ерменија на арената „Тодор Проески во рамките од квалификациите за Светското првенство во Катар наредната година.
Избраниците на новиот селектор Балгоја Милевски, не беа на висината на задачата, со иклучок на неколку делови во натпреварот. „Рисовите“ најголемата шанса ја имаа преку Алиоски во 90. минута, но и овој обид заврши без погодок во мрежата на Ерменците.
Со ова реми Македонија падна на третото место на табелата зад Еерменија која нема пораз во овие квалификации и Германија, која со победата над Лихтенштај од 2:0 се проби на второто место.
Следниот натпревар за Македонија во квалификациите за СП 2022 е против Исланд во Рејкјавик на 5. септември.
Commentaires