top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Метју Меконахи сериозно размислува за политичка кариера

Холивудскиот актер претходно навестуваше дека ми можел да гради кариера во политиката, а сега потврди дека сериозно размислува за таквата идеја и верува дека следното поглавје од својот живот ќе биде во некаква лидерска улога. „Не се шегувам во врска со тоа. Размислувам за ново поглавје во мојот живот. Јас, всушност, се гледам себеси во некоја лидерска улога“, рече 39-годишниот Метју во онлајн-интервју за Си-ен-би-си. Авторот на „Гринлајтс“ додаде дека ќе донесе одлука што е најдобра за него и неговото семејство – вклучувајќи ја сопругата Камила Алвеш и нивните три деца, 12-годишниот син Леви, 11-годишната ќерка Вида и осумгодишниот син Ливингстон. Метју исто така говореше за влијанието што го има пандемијата на Ковид-19 врз заедниците во светот. Тој се надева дека луѓето ќе продолжат да согледуваат што е важно откога ќе се смири здравствената криза.



0 views

Comments


bottom of page