Search
Мел Гибсон го прослави 65. роденден: Направив многу луди работи, чудо е што сум сè уште жив
04.01.2021 Јануари Понеделник Мел Гибсон не е само актер, туку е една од најуспешните sвезди во светот. Во неделата, на 3 јануари, актерот наполни 65 години и сè уште се смета дека е едно од највлијателните лица во Холивуд. Неговиот талент е неоспорен. Во својата кариера тој глуми во низа филмови блокастери, но најпознат е како Макс Рокатански во постапокалиптичната трилогија „Лудиот Макс“ и Мартин Ригс во детективскиот серијал „Смртоносно оружје“. Австралискиот и американскиот актер е исто така и продуцент и режисер. Во 90-тите години Гибсон дебитира како режисер. Режира филмови како „Апокалипса“, „Страста на Христос“ и „Храбро срце“, за кој доби „Оскар“.
Comments