Меган Маркл ќе објави детска книга заснована на односот помеѓу Хари и Арчи
05.04.2021 Maj Sreda
Меган Маркл следниот месец ќе објави детска книга под наслов „Клупата“ за односот помеѓу татко и син, базирана на нејзиниот сопруг принцот Хари и детето на двојката, Арчи, објави во вторникот издавачот.
Книгата е најнов потфат на Меган и Хари, внукот на кралицата Елизабета, откако тие се повлекоа од кралските должности и се преселија во Лос Анџелес минатата година со Арчи, кој го слави својот втор роденден подоцна оваа недела.
Илустрирана од уметникот Кристијан Робинсон, „Клупата“ ќе биде објавена на 8 јуни, а Меган ќе раскажува верзија за аудиокнига, соопшти издавачот.
– „Клупата“ почна како песна што ја напишав за мојот сопруг на Денот на таткото, еден месец по раѓањето на Арчи. Таа песна се претвори во оваа приказна. Се надевам дека оваа книга ќе одекне во секое семејство, исто како и во моето – изјави војвотката.
Comments