top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Марфи со совет до Тотенхем за тоа кој тренер би бил идеално решение за нив

Поранешниот фудбалер на Ливерпул и Тотенхем, Дени Марфи упати совет до челниците на клубот од Северен Лондон за тоа кој тренер да го ангажираат за следната сезона.

Во моментов вршител на должноста е Рајан Мејсон кој седна на клупата на „петлите“ по отказот кој го доби Жозе Мурињо. Сепак, јасно е дека 29 годишниот Мејсон се уште не е подготвен да се нафати да води еден голем клуб, па Даниел Леви е во потрага по перманентна замена за Мурињо.

Според Марфи, идеално решение за Тотенхем би бил менаџерот на Брајтон, Грем Потер кој постигнува солидни резултати со лимитиран тим.

– Свесен сум за шпекулациите околу Потер затоа што знам како игра Брајтон. Слична беше ситуацијата кога Тотенхем го донесе Покетино. Тој беше во Саутемптон само „пет минути“, а тие го ангажираа. Може да го следат истиот пат повторно.

– Фановите на Тотенхем сакаат некој кој бил успешен и претходно, но го направија тоа со Мурињо и не функционираше. Лично не сум изненаден што Потер се поврзува со работата и би сакал тој да го преземе тимот, но ќе видиме што ќе се случи, -изјави Марфи.


4 views

Comments


bottom of page