top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Македонските филмови „Дедо и Внук“ и “Стела“ во Кинотека

15.02.2021 februari ponedelnik

Филмот „Дедо и Внук“ на режисерот Илија Пиперкоски денеска 16 февруари (18 часот) ќе ја има последната од четирите проекции во Кинотека. Филмот ја раскажува приказната за настаните поврзани со смртта на еден млад пациент, по која младиот доктор Никола се обидува да направи ред во својот живот и оди на посета кај неговиот дедо. Последен пат бил кај него пред десет години. Ова е филм за конфликт на генерации, со контраст на морални вредности, моменти за втора шанса. Пиперкоски за „Дедо и Внук“ освои бројни награди на меѓународни фестивали.

Вечерва во 20 часот е македонскиот филм “Стела“ приказна за едно куче-шарпланинка, едно дете и еден дедо. Откако детето Николa (Петар Маниќ, за прв пат на филм) ќе се обиде да се самоубие поради малтретирањето од врсниците на училиште, изгледа дека никој не ќе може да допре до него. Шарпланинката Стела е единствената која не бара ништо од него, не поставува прашања, не бара одговори. Доволно е неговото постоење и среќна е од неговата близина. Детето ќе почне да се поистоветува со неа, па неговиот глас може да се слушне единствено кога лае. Дедото, кој избегал од луѓето за да живее сам на бачилото, неволно ќе го прифати Никола, но во текот на оваа авантура ќе станат семејство, бегајќи од своето вистинско семејство.

СТЕЛА е прв македонски долгометражен игран филм од детскиот жанр и неговото дејствие се одвива во Македонија (во Скопје, потоа продолжува и во живописниот Галичник), како и во Штутгарт (Германија). СТЕЛА годинава го отвори најголемиот регионален фестивал за детски филмови „КИДС ФЕСТ“.


2 views

Yorumlar


bottom of page