МАКЕДОНИЈА Уште едно засилување: Вардар договори повремен хрватски репрезентативец
28.01.2021 januari cetvrtok Најдобриот македонски ракометен клуб Вардар успеал да ги обезбеди услугите на повремениот хрватски репрезентативец, Анте Кудуз. Кудуз кој има 25 години и е висок 202 сантиметри се договорил со „црвено-црните“ и од наредново лето ќе го носи дресот на двокраниот европски шампион, информира специјализираниот сајт за ракомет „Балкан Хендбол“. Тој во Вардар ќе дојде од Динамо Букурешт каде беше прогласен за најдобар играч во романското првенство во минатата сезона. Претходно има настапувано за Осијек, Вараждин, француски Дижон и Винтертур од Швајцарија. Претходно клубот од Скопје ги обезбеди Дарко Ѓукиќ и Васко Шеваљевиќ, а ова значи дека вардарци ќе имаат балкански шмек. Во продолжение погледнете дел од мајсториите на Кудиз кој ја покрива левата бековска позиција.
Comentarios