top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Македонија во мај ќе ги дознае ривалите на ЕП 2021

ОДБОЈКА

Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) на својата интернет-страница објави дека на 27 мај во Хелсинки (Финска) ќе биде влечена ждрепката на групите за претстојното Европско првенство (ЕП) за мажи, на кое ќе игра и Македонија. Влечењето на групите ќе биде организирано веднаш откако во средината на мај ќе се одиграат преостанатите квалификациски групи за пласман на континенталното првенство, на кое домаќини од 1 до 19 септември треба да бидат Финска, Чешка, Естонија и Полска. Македонија во јануари годинава го обезбеди второто учество на европските првенства, по турнирот игран во Скопје. На ЕП 2021 треба да играат 24 репрезентации, досега, покрај домаќините, настап обезбедија и селекциите на Србија, Словенија, Франција, Русија, Италија, Украина, Германија, Белгија, Бугарија, Турција и на Летонија, а ќе играат и уште осум репрезентации од квалификациите.


2 views

Comments


bottom of page