top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Маестрална победа на Хамилтон во Португалија

Седумкратниот шампион во Формула 1 Луис Хамилтон со Мерцедес триумфираше на трката за Големата награда на Португалија, откако успеа да се врати по раното претекнување од Макс Ферстапен, и потоа да го помине освојувачот на пол-позицијата Валтери Ботас на пат до супериорна победа. Ова е вкупно 97 победа во кариерата на неверојатниот Британец, односно втора во трите трки сезонава.

Хамилтон немаше најдобар старт и беше поминат од Ферстапен на третото место, но откако Кими Раиконен се судри во својот колега од Алфа Ромео, Антонио Џовинаци, по рестартот лесно го помина Ферстапен, а потоа и Ботас за потоа до крајот на трката да биде недостижен за возачот на Ред бул.

Ферстапен, пак, успеа да ја искористи грешката по излегувањето од боксот на Валтери Ботас да го грабне второто место и да ја минимизира „штетата“, додека Ботас повторно беше само трет. За утеха на Ботас е најбрзиот круг (и дополнителниот поен) освоен во последниот круг од трката. Хамилтон сега има 69 поени на врвот во генерален пласман, додека Ферстапен е втор со 61.

Серхио Перез ја заврши трката на четвртото место во вториот Ред бул, по што Лендо Норис во Мекларен беше далеку пред Шарл Леклер во Ферари, додека во поени завршија и двајцата возачи на Алпине, Естебан Окон и Фернандо Алонсо, како и Даниел Рикардо (Мекларен) и Пјер Гасли (Алфа Таури).

Возачите нема да имаат многу време за одмор, бидејќи веќе следниот викенд се вози Шпанското ГП во Барселона на патеката „Каталуња“.


0 views

Comentários


bottom of page